сряда, 13 май 2015 г.

РИБИ (19. II – 20. III)

Среда, 13 Мај 2015

Ќе жалите за настан кој неодамна ви ги насолзи очите, но нема да го покажувате тоа пред никого во обид да се покажете како личност без емоции. Престанете да се криете пред скаменетиот лик и започнете да зборувате. Ќе откриете многу луѓе слични на вас.
На професионален план, фокусирајте се на наградите кои ќе ги добиете, наместо да се жалите колку енергија вложувате во реализација на вашите цели.

ВОДОЛИЈА (20. I – 18. II)

Среда, 13 Мај 2015

Денес планетите ќе ви помогнат да излечете рана која долго време ви предизвикувала болка и да престанете да го пиете во мали дози отровот наречен огорченост. Издишете со олеснување. Ќе се чувствувате полесни од пердув.
Ќе ги презирате лицата кои ги издигаат на пиедестал материјалните нешта.

ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)

Среда, 13 Мај 2015

Денес ќе ви газат на нерви лицата кои живеат на повисока нога од вас, а кои постојано кукаат за пари. Најмудрата тактика – одбегнување. Не паѓајте ниско за да започнувате непотребни дебати и да исправувате „криви дрини“.
Бидете послободни пред личност која ви се допаѓа. Срамежливоста нема да ви биде пријател

ЈАРЕЦ (22. XII – 19. I)

Среда, 13 Мај 2015

Денес ќе ви газат на нерви лицата кои живеат на повисока нога од вас, а кои постојано кукаат за пари. Најмудрата тактика – одбегнување. Не паѓајте ниско за да започнувате непотребни дебати и да исправувате „криви дрини“.
Бидете послободни пред личност која ви се допаѓа. Срамежливоста нема да ви биде пријател.

АГА (23. IX – 22. X)

Среда, 13 Мај 2015

Денес планетите ќе ви дадат доволно решителност да зборувате отворено за проблемите на работното место, во домот, во врската, насекаде. Ќе бидете како судија кој е секогаш на страната на правдата, а тоа ќе ви донесе голема почит.
Ако срцето ви вели дека ова е добар ден за љубовна исповед, послушајте го. Излезете од школката!

СТРЕЛЕЦ (22. XI – 21. XII)

Среда, 13 Мај 2015

Разбудете го аналитичниот ум! Денес потребно е да внимавате на деталите, особено доколку имате работа поврзана со пари. Не им ги препуштајте важните одлуки на други личности.
Продорниот поглед ќе ви помогне да препознаете голема лага која ќе се обиде да ви ја наметне блиска личност. Не сте наивни, па покажете го тоа.

ШКОРПИЈА (23. X – 21. XI)

Среда, 13 Мај 2015

Денес ќе бидете премногу чувствителни и секоја тажна приказна ќе ве растажува. Можно е да заплачете на романтична комедија или да започнете да сочувствувате со личност која до вчера ви била туѓинец.
Одлетајте далеку од своето гнездо доколку имате можност. Најдобрите прилики да започнете успешен бизнис ќе се појават далеку од вашето место на живеење